Релаксаторот за врат е помагало за цервикална тракција (истегнување) на вратот во домашни услови. Со оваа техника се прави нежно истегнување и релаксирање на мускулите на вратот а во исто време се зголемува интервертебралниот простор.
Релаксаторот за врат е помагало за цервикална тракција (истегнување) на вратот во домашни услови. Со оваа техника се прави нежно истегнување и релаксирање на мускулите на вратот а во исто време се зголемува интервертебралниот простор. На овој начин се зголемува циркулацијата во мускулите, лигаментите и тетивите, се ублажува болката и се подобрува мобилноста на вратот, рамената и `рбетот.
Ова помагало е дизајнирано од физиотерапевт како резултат на неговото долгогодишно искуство со пациенти. Се поставува на цврста рачка од врата. Корисникот легнува на рамна површина и го поставува вратот во специјалното лежиште од помагалото. Во оваа положба треба да се остане 10 минути. Потребно е корисникот да се опушти, за да може релаксаторот да го држи вратот во правилна позиција.Се препорачува за лица кои работат пред компјутер, лица кои имаат проблеми во вратот како спондилоза, вкочанетост и нарушена циркулација.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам