Електромоторна инвалидска количка со меко седиште. Количката е склоплива со висококвалитетна литиумска батерија со капацитет од 28 Ah овозможува прецизно управување и негова долготрајност. Со едно полнење на батеријата можете да поминете до 20 км. Подгответе се за долги и удобни патувања.
*лица до 18 години се ослободени од партиципација
Конструкција: | Алуминиумски рам |
Склопување: | Да |
Мотори: | 200W x 2 |
Брзина: | 1-6 км/h |
Возен капацитет: | 20 км |
Кочници: | Електромагнетни |
Нагорнина: | 12 степени |
Скалило: | До 4 см |
Батерии: | 2 x 12V 28 Ah |
Папучи: | Подвижни, со регулатор на висина и агол |
Страници: | Подвижни, со регулатор |
Наслон: | Подвижен со регулатор |
Тежина на количката: | 67.8 кг |
Носивост: | 125 кг |
Ширина на седиште: | 46 cм |
Вкупна ширина: | 60/65 см |
Висина на седиште од тло: | 50 см |
Предни тркала: | 20 см |
Задни тркала: | 31 cм |
Антикип тркалца: | Да |
Индикации исти како кај Инвалидска собна количка – Стандард, со потежок степен на телесен хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос.
Индикационо подрачје – кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите може да управува со електромоторна количка.
Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам