ArthroVisc®40 e иновативен препарат од премиум хијалуронска киселина кој ја враќа подвижноста и хомеостазата во зглобовите. Се користи за третман на зглобовите на колкот, коленото, скочниот зглоб, рамото, мандибуларните и фасетните зглобови на 'рбетот. ArthroVisc®40 е производ на реномираниот швајцарскиот бренд Regen Lab.
ArthroVisc®40 e иновативен препарат од премиум хијалуронска киселина кој ја враќа подвижноста и хомеостазата во зглобовите. Еден шприц ArthroVisc содржи 40 mg/2 ml невкрстена хијалуронска киселина (HA) со молекуларна тежина од 1500-2000 Kda, што обезбедува оптимален баланс на неговите механички и биолошки својства. Се користи за третман на зглобовите на колкот, коленото, скочниот зглоб, рамото, мандибуларните и фасетните зглобови на 'рбетот. ArthroVisc®40 е производ на реномираниот швајцарскиот бренд Regen Lab.
Како функционира?
Хијалуронската киселина е главна компонента на синовијалната течност во зглобовите која ги амортизира ударите и ги подмачкува зглобовите. Со текот на времето и како последица на трауми, доаѓа до намалување на концентрацијата на хијалуронска киселина и на нејзината молекуларна тежина. Како резултат на ова се јавува болка и нарушена функција на зглобовите.
Хијалуронската киселина во ArthroVisc®40 е со оптимално избрана молекуларна тежина и концентрација која го компензира недостатокот на хијалуронска киселина во зглобот.
Со обновување на вискозноста на зглобната течност, се враќаат неговите механички својства и помага да се намали болката и да се подобри функцијата на зглобовите. Механизмот на дејство комбинира биолошки, механички и антиинфламаторни ефекти.
Предности на ArthroVisc®40:
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам