Кога е потребно да се мери нивото на кислород во крвта?
Пулс оксиметaр е апарат коj се користи за мерење на нивото на кислород во крвта во домашни услови. Се препорачува за спортисти кои тренираат на поголеми надморски височини, како и за лица со хронични или акутни респираторни болести.
Хронично болни лица
Хроничните и акутните респираторни болести најчесто се поврзани со ниски вредности на сатурација на кислород во крвта. Тука спаѓаат бронхијална астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), белодробна фиброза, белодробен емфизем и пулмонален едем, астма и др. Мерењето на сатурацијата во крвта со пулс оксиметар е особено важно кај оваа група на пациенти. Дополнително, мерењето на нивото на кислород во артериите е многу важно за пациенти со напредна срцева слабост. Доколку заситеноста на кислорот е под 90% веднаш треба да се побара лекарска помош. Раната дијагноза со пулс оксиметарот е важна за контрола на болеста.
Здрави лица
Кај здрави индивидуи, пулс оксиметарот се користи во услови кога концентрацијата на кислород во воздухот е пониска. Ова е особено се однесува на големи надморски височини како на пример алпски спортови, при патување во високи планински региони и за време на воздушни спортови. Во овие услови, нискиот кислород во крвта може да доведе до сериозни здравствени проблеми, бидејќи вредностите на сатурација на кислород , поинаку се толкуваат на големи надморски височини. Во региони на околу 1600 метри надморска височина, кислородната сатурација помеѓу 92% и 94% е нормална.