Најчести физички повреди во лето?
Летото е период на зголемена физичка активност – планинарење, трчање, спортови на отворено, пливање, велосипедизам. Но токму овие активности, доколку се изведуваат без подготовка или со прекумерна сила, често доведуваат до повреди, особено во пределот на коленскиот зглоб.
Коленото е еден од најоптоварените зглобови во телото, а во летниот период повредите се чести, особено кај рекреативни спортисти и деца. Во продолжение ги издвојуваме најчестите повреди на коленото во лето, нивните симптоми и што треба да направите ако се појават.
1. Дислокација на патела (чашка)
Оваа повреда се случува кога коленската чашка (пателата) излегува од своето природно лежиште. Најчесто настрана кон надворешниот дел на коленото.
Симптоми:
- Силна болка и блокада при движење
- Оток и деформирање на зглобот
- Неможност за исправување на ногата
2. Истегнување на лигаменти
Лигаментите се структури кои го стабилизираат коленото. Истегнувањето се јавува при нагло свиткување, лошо паѓање или директен удар. Најчесто се засегнати внатрешниот страничен лигамент (MCL) и надворешниот страничен лигамент (LCL).
Симптоми:
- Болка од страната на коленото
- Отежнато одење
- Чувство на нестабилност
3. Повреда на преден вкрстен лигамент (ACL)
ACL е клучен лигамент за стабилност при ротации и нагли промени на правец. Повредата најчесто се случува без контакт, при нагло забрзување или кочење.
Симптоми:
Силен звук (пукање) при повредата
Оток во првите 24 часа
Нестабилност на коленото при одење
4. Повреда на менискус
Менискусот е ‘рскавично ткиво кое го амортизира зглобот. При ротација на коленото со тежина врз него, може да дојде до кинење. Ова е една од почестите повреди кај активните спортисти.
Симптоми:
- Болка внатре во зглобот
- Крекање или блокада при движење
- Отежнато свиткување и исправување на ногата
5. Повторувачка повреда
Повторувачката (рекурентна) повреда не е нова повреда, туку повторно оштетување на веќе еднаш повредена структура – лигамент, менискус, чашка или мускул во пределот на коленото.
Затоа препорачливо е превентивно да се користи компресивен стегач со отвор на патела за да се спречи повреда.
Како да се заштитите од повреди ова лето?
- Загрејте се пред секоја активност
- Користете ортоза за превенција
- Не претерувајте ако немате кондиција
- Носете соодветни обувки
- Редовно јакнете ги мускулите околу коленото
- При први симптоми консултирајте се со физиотерапевт или лекар