Како до правилна нега на стапала?
Стапалата се основата на нашето движење. Тие нè носат низ секојдневните предизвици, ја поддржуваат нашата тежина, овозможуваат рамнотежа на телото и флексибилност на постурата.
Правилната грижа за стапалата не е само прашање на хигиена, туку и начин за превенција од болки, деформитети и други проблеми кои може да влијаат на целокупното здравје.
Како да се грижите за вашите стапала?
Удобни ортопедски влошки
Влошките играат клучна улога во поддршката на стапалото. Тие помагаат при рамномерна распределба на притисокот, корекција на држењето и намалување на болката во стапалата, колената и грбот.
Посебно се препорачуваат анатомски влошки кои се адаптирани на индивидуалната форма на стапалото. Доколку имате проблем со рамни стапала, шилец или одредено воспаление – ортопедските влошки се совршено решение за ублажување на симптомите и враќање на удобноста во секојдневието.
Хигиена
Редовното миење и сушење на стапалата е првиот чекор кон здрава кожа. Производите од брендот Silar нудат одлична заштита на кожата од оштетување и пукање. Препорачливо е редовно да ги негувате стапалата со соодветни креми, млека и средства за дезинфекција.
Понекогаш, малку внимание – како нанесување антисептички или хидратантен крем може да спречи многу непријатности како сувост, црвенило и иритација.
Нега против габички и непријатен мирис
Ако се соочувате со проблеми како прекумерно потење, габички или непријатен мирис – не грижете се. Постојат специјализирани производи со освежувачко дејство.
Silar пудрата за стапала е одличен избор, таа обезбедува чувство на свежина во текот на целиот ден, а истовремено делува заштитно и смирувачки на кожата.
Масажа на стапала
Масажата на стапалата не е само начин за опуштање, туку и вистинска терапија. Таа ја подобрува циркулацијата, ја намалува напнатоста и заморот во мускулите и придонесува за подобро расположение.
Користете топло-ладна терапија, ролери со боцки или масажери за стапала. Одвојте барем 10 минути дневно за оваа мала, но моќна рутина.
Негата на стапалата не бара многу време, но придобивките се огромни. Со соодветна грижа ќе го подобрите вашето секојдневие, ќе спречите болки и ќе се чувствувате многу поподготвено за сите предизвици.