×

Cart

Your cart is empty.




Јуни - месец посветен на подигнување на свеста за сколиозата

Јуни - месец посветен на подигнување на свеста за сколиозата

Што претставува сколиозата?

Сколиозата претставува странично искривување на рбетниот столб, кое најчесто се појавува кај деца и адолесценти, особено во периодот на забрзан раст. Во зависност од степенот на искривување, може да биде лесна и незабележлива, но може и значително да го наруши држењето на телото, движењето и дишењето.

Превенција

Свеста за сколиоза започнува дома, продолжува во училиштата и се пренесува низ секојдневните навики. Со едукација, активност и редовни проверки можеме да влијаеме на здравиот развој на 'рбетниот столб,

Како може да ја спречиме појавата на сколиоза?

Поттикнување на физичка активност

Бидејќи најголем број случаи на сколиоза се појавуваат за време на растот, важно е децата уште од најрана возраст да стекнат здрави навики. Вежбите со еластични ленти со отпор се одличен избор – тие ги активираат мускулите на грбот и придонесуваат за стабилност и правилна поставеност на рбетот.

Правилно седење

Долготрајното и неправилно седење без разлика дали е за учење, играње игри на компјутер или канцелариско седење може да ја поттикне појавата на сколиоза.За правилно седење се препорачува активно седење на диманична столица, а тоа може да се постигне со користење на столица со физиотопка.  Со седењето на оваа топка се зајакнува абдоменот, мускулите на грбот и на градите, се намалува стресот на ’рбетот и болката во рамењата. Сето ова допринесува за правилно држење на грбот кај деца и возрасни.

Следење на телесната поставеност 

Проверувајте го држењето на телото додека стојат, седат или носат ранец. Раното забележување на асиметрија е клучно. Доколку се сомневате дека вие или Вашето дете имате сколиоза јавете се на 023143333 и закажете консултација. 

Зошто е важна раната дијагноза?

Сколиозата може да напредува незабележано. Редовните прегледи  се од големо значење бидејќи што порано се открие, толку поуспешен е третманот.

Први симтоми:  

  • Едното рамо е повисоко од другото
  • Ребрата се нерамномерни
  • Рацете не се на иста висина покрај телото
  • Искривена телесна поставеност при стоење

 Како се третира сколиозата?

Начинот на третман зависи од возраста на пациентот, степенот на искривување и неговата прогресија. Најчесто се применуваат:

Современите пристапи вклучуваат неинвазивни методи како: кинезитерапија, електростимулација и активна рехабилитација.

Во месец јуни, кој е посветен на подигање на свеста за сколиозата, да ја искористиме шансата да ги едуцираме децата, родителите и сите возрасни. Да зборуваме отворено за сколиозата, да охрабриме редовни прегледи и да понудиме поддршка на сите што живеат со оваа состојба.