×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Удобност што враќа самодоверба: Како вистинскиот градник по мастектомија го менува секојдневието?

Удобност што враќа самодоверба: Како вистинскиот градник по мастектомија го менува секојдневието?

Мастектомијата е повеќе од хируршка интервенција. Таа носи физички промени, но и емоционални предизвици кои се дел од патот кон закрепнувањето. Во овој период, секоја жена заслужува удобност, сигурност и поддршка за повторно да се чувствува добро во своето тело.

Во продолжение одговараме на чести прашања со кои се соочуваат жените по мастектомија.

После колку време можам да користам ортопедски градник?

По хируршкиот зафат, важно е на местото на хируршката интервенција да му се овозможи доволно време за заздравување, без дополнително оптоварување. Според нашето искуство, доколку закрепнувањето се одвива вообичаено и без компликации, периодот за започнување со користење ортопедски градник со екстерна протеза е приближно шест недели по операцијата.

Сепак, процесот на закрепнување е индивидуален. Доколку постојат специфични состојби или компликации, најдобро е да се почека со користењето сè додека вашиот лекар специјалист не потврди дека оперираното подрачје е доволно заздравено.

Дали морам да користам градник, добро ми е и без него?

Некои жени по мастектомија се чувствуваат удобно и без ортопедски градник и екстерна протеза. Сепак, важно е да се знае дека нивната улога не е само естетска.

Отстранувањето на едната дојка може да доведе до нарушување на природната рамнотежа на телото, поради нерамномерна распределба на тежината. Со текот на времето, ова може да влијае врз држењето на телото и да предизвика дополнително оптоварување на 'рбетниот столб, рамената и грбот.

Соодветно избраната екстерна протеза, во комбинација со ортопедски градник, помага во воспоставување подобра телесна рамнотежа, обезбедува удобност и придонесува за поприроден изглед и поголема самодоверба во секојдневието.

Што треба да внимавам кога бирам градник, мене сите ми се исти?

Иако на прв поглед изгледаат слично, ортопедските градници се разликуваат по своите карактеристики, кои се важни за вашата удобност и здравје.

  • Удобност и големина: Градникот треба да одговара на вашата анатомија, без да создава притисок или непријатност, особено на местото на хируршката интервенција.
  • Материјал: Изберете мек материјал кој и дозволува на кожата да дише, прилагоден за чувствителна кожа, кој го намалува потењето и ризикот од иритации.
  • Џеб за екстерна протеза: Треба да биде изработен од дишлив материјал и да ја држи протезата стабилно во правилна положба.
  • Прерамки: Пошироките прерамки овозможуваат рамномерна распределба на тежината и го намалуваат притисокот врз рамената, што е особено важно кај жени со ризик од лимфедем.
  • Големина на корпата: Мора да одговара на екстерната протеза за да се избегнат притисок, деформација или оштетување.

Најважно е да изберете градник според вашите индивидуални потреби, кој ќе ви обезбеди удобност, сигурност и самодоверба во секојдневието.

 

Дали можам да го земам на товар на фонд?

Да, ортопедски градник и екстерна протеза можете да добиете на товар на Фондот за здравствено осигурување на секои 12 месеци, со плаќање само 10% партиципација.

Доколку сакате надстандарден производ, имате можност за доплата на разликата во однос на референтната цена.

Постапката е едноставна: потребно е да земете потврда од вашиот матичен лекар, да ја заверите во Фондот за здравствено осигурување и потоа да посетите која било од нашите специјализирани продавници.

Важно: Потврдата треба да ја искористите во рок од 30 дена од датумот на издавање од матичниот лекар.

Како да знам која протеза ми одговара?

Изборот на екстерна протеза е подеднакво важен како и изборот на ортопедски градник. Затоа е препорачливо да се направи со помош на стручно обучено лице, преку процес наречен фитинг – професионално одредување на соодветната големина и форма на протезата.

При фитингот се користат специјални табели и се земаат предвид индивидуалните анатомски карактеристики на телото. Протезата не треба да се избира „од око“, бидејќи правилниот избор е клучен за удобноста, рамнотежата и природниот изглед.

На колку време треба да ја менувам протезата?

Оптимален период на кој треба да ја замените протезата е 12 месеци, можеби вивуелно нема да забележите разлика но мораме да земеме во предвид дека силиконот е природен материјал кој апсорбира епителни клетки и треба да зе замени после одреден период.