Столица со физиотопка која ги зајакнува мускулите на грбот и поттикнува правилно држење додека седите.
Столицата со физиотопка има анатомски наслон за грбот и рацете. Кога се седи на овој стол тежинската гравитација овозможува постојана и најдобра положба на телото. Со седење на оваа топка се зајакнува абдоменот, мускулите на грбот и на градите се намалува стресот на рбетот и болката во рамењата. Топката за седење може да биде извадена од пластично столче во која што е сместена и може да се користи како обична топка за вежбање или да биде заменета со друга топка во различна димензија.
Столицата содржи: Пилатес топка, метален држач за топката, наслони за грб и раце, 5 тркалца и пумпа. Пилатес топката е мобилна и може да се користи за вежбање.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам