×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




3 ризици по вашето здравје од долгото седење

3 ризици по вашето здравје од долгото седење

Цел ден седите на работното место. Доаѓате дома и вашата „рекреација“, после долгиот ден, е седење пред компјутер или телевизорот. Сигурно повеќето се пронаоѓаат во оваа „дневна рутина“, која е дел од животот на секој од нас. Во сета оваа трка, вашиот одговор за физичка активност е сокриен во недостатокот на време.

Дали сте помислиле со какви последици се соочуваат вашите нозе. И дали веќе се појавуваат првите проширени вени, кои вие сигурно ги препишувате на вашите родители (наследно). Но вистинската слика е поинаква.

Додека седите вашите нозе се од ризик од венска инсуфициенција, отоци, длабока венска тромбоза, болни и уморни нозе.

1. Венска инсуфициенција
Венска инсуфициенција се јавува кога вените во долниот дел на ногата, не можат да ја вратат крвтта до срцето. Протокот на крв во вените се регулира со залистоци. Кога се оштетени овие залистоци, крвтта се собира во вената и притиска на ѕидовите.

2. Периферни отоци
Отокот се јавува како резултат на акумулација на течности во ткивата во телото. При долготрајно седење, отокот најчесто се јавува во нозете околу глуждовите.

3. Длабока венска тромбоза
Длабока венска тромбоза се јавува кога се формира тромб во крвтта во длабоките вени, најчесто во нозете. Оваа состојба е потенцијално опасна по живот, бидејќи тромбот може да отиде во белите дробови и да предизвика белодробна емболија. Лицата кои се под ризик од оваа состојба, задолжително треба да носат медицински чорапи за компресија, како дел од секојдневната рутина.

1

Како компресивните чорапи може да ги превенираат последиците?

Како компресивните чорапи може да ги превенираат последиците?
Компресивните чорапи имаат градуиран притисок (поголем во глуждовите, помал на листовите) кој со поддршка на ѕидовите на вените ја подобрува циркулацијата и протокот на крв во нозете. Нежната компресија помага залистоците правилно да работат, и го подобрува протокот на крв назад кон срцето.

Предностите од компресивните чорапи се следниве:

  • Се превенира отокот во нозете и глуждовите
  • Намалување на заморот во нозете
  • Превенција од варикозни и пајаковидни вени
  • Превенција од згрутчување на крвтта
  • Повеќе енергија во нозете

Пред да почнете со користење на компресивни чорапи, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

Компресивните чорапи од Медикус хелп, покрај ефикасностa, се елегантни и модерни и секојдневно може да се носат како дел од вашиот деловен изглед. Исклучително се удобни и овозможуваат вашите нозе да изгледаат убави и одморени.