×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Опрема за домашна нега на вашите блиски, која лесно се прилагодува во вашиот дом

Опрема за домашна нега на вашите блиски, која лесно се прилагодува во вашиот дом

Кога можностите на вашите сакани се менуваат како последица на медицинската состојба, можеби треба да размислите да набавите опрема која се прилагодува во вашиот дом. Оваа опрема овозможува поголема безбедност на ваште блиски кои потешко се движат и се нестабилни. Во продолжение ви претставуваме неколку парчиња кои може да ви бидат од голема корист.

Анатомска столица –  ќе ви послужи за бањање. Анатомската столица има пластично седиште и алуминиумски ногарки и може да се постави во кадата или туш кабината за бедбедно капење.

 

Бебедносни држачи за на ѕид –  помагало за во бања, и се користи за придржување, со цел поголема безбедност во бањата при капење и како помош при станување и седнување. Се поставува едноставно, каде што  е потребно во бањата.

 

Надградба за WC школка – Со поставување на ова помагало се постигнува поголема висина на WC школката.  Надградбата со држачи се прицврстува над WC школката со предниот стегач кој се врти едноставно само со рака. Горниот  дел е анатомски обликуван за поудобно седење.

 

Тоалетно помагало со капак – се користи како независна WC школка со поставување на садот. Ова помагало е корисно доколку толаетот е одалечен од собата или се наоѓа на друго ниво од куќата. Корисна е за лицата кои потешко се движат и не можат да стигнат до тоалетот.

 

Антидекубитален програм – тука спаѓаат душеци и перници кои спречуваат појава на декубитални рани кај лежечки пациенти. Има различни видови и димензии во зависност од потребиуте и можностите во вашиот дом.