Време е за Мовембер
По месецот во кој сите заедно ја подигнавме свеста за здравјето на жените и борбата против ракот на дојка, сега фокусот се префрла кон мажите. Мовембер е глобално движење кое секој Ноември ги потсетува мажите да се грижат за своето здравје – физичко и ментално.
Октомври заврши, но Ноември е тука – време е за Мовембeр!
По месецот во кој сите заедно ја подигнавме свеста за здравјето на жените и борбата против ракот на дојка, сега фокусот се префрла кон мажите.
Мовембер е глобално движење кое секој Ноември ги потсетува мажите да се грижат за своето здравје – физичко и ментално.
Што претставува Мовембер?
Името доаѓа од комбинацијата на зборовите moustache (мустаќи) и November.
Мажите ширум светот пуштаат мустаќи како симбол и потсетник за важноста на превенцијата, редовните прегледи и разговорите за здравјето.
Мовембер има три главни цели:
- Подигање на свеста за рак на простата
- Поддршка и едукација за рак на тестиси
- Поттикнување на разговори за психичкото здравје кај мажите
Зошто е важно?
Многу мажи избегнуваат да зборуваат за своите симптоми или да посетуваат лекар, што често доведува до доцна дијагноза.
Раното откривање, како и кај ракот на дојка, може да спаси животи.
Затоа, како што жените се потсетуваат на важноста од самопреглед на дојки,
така и мажите треба редовно да прават самопреглед на тестиси – едноставна, брза и животоспасувачка навика.
Симбол на движењето се мустаќите. Нека бидат потсетник за рана дијагноза, редовни прегледи и отворени разговори за психичкото здравје.
Биди дел од Мовембер, разговарај отворено и без предрасуди.
Подигни свест и биди дел од промената.