×

Cart

Your cart is empty.




Back to School – Подготвени за училиште со здрава поддршка

Back to School – Подготвени за училиште со здрава поддршка

Почетокот на учебната година секогаш носи возбудливи предизвици и нови авантури за најмалите. Но, покрај тетратките, ранците и боичките, важно е да размислиме и за нивното здравје и правилен развој. Долгите часови седење, учење и пишување бараат внимание на правилната положба на телото, квалитетниот одмор и поддршката за здраво движење.

 Ги издвоивме за вас следните производи кои се вистински сојузници во здравиот раст на вашите деца:

 1. Столица со физио топка со повишен стабилизатор

 Оваа столица е идеална за активно седење, поттикнувајќи правилна положба на ’рбетот и подобрување на држењето на телото. Физио топката им овозможува на децата да ги активираат мускулите додека седат, а стабилизаторот гарантира безбедност. Оваа столица превенира од појава на деформитети на рбетниот столб како што се кифозата и сколиозата. Состојби кои се се почести кај младите генерации. Дополнително топката може да се отстрани од столицата и да се користи за пилатес вежби како за детето така и за останатите членови на семејството.

 2. Детска анатомска перница „Миконоc“

 Квалитетниот сон е клучен за растот и развојот на секое дете. Оваа перница обезбедува правилна поддршка на главата и вратот, намалувајќи го притисокот и овозможувајќи природна положба при спиење. Перницата е изработена од мемори пена со средна густина која го следи секое движење на детето, а дополнително е обложена со навлака од алое вера која спречува појава на алергии.

 3. Детска ортопедска влошка Junior

 За време на растот, здравјето на стапалата е особено важно. Овие ортопедски влошки ја поддржуваат природната форма на стапалото, помагаат во правилно држење на телото и го намалуваат заморот при одење. Влошките Junior се корективни влошки кои можат да постигнат корекција на рамни стапала доколку овој деформитет е веќе појавен. Во комбинација со сетот за превенција се постигнуваат брзи и ефикасни резултати.

 4. Сет за превенција на рамни стапала

 Играта е најдобриот начин за превенција. Овој сет содржи специјално дизајнирани елементи кои го стимулираат природното движење на стапалата, зајакнуваат мускули и спречуваат развој на рамни стапала. Преку забава и игра можете да постигнете брза корекција на детските стапала.

 💙 Со овие производи, вашите деца ќе имаат удобност, поддршка и превенција во секојдневните активности  и дома и на училиште.

Подгответе ги за најдобар почеток на учебната година, затоа што здравиот раст е најважната лекција што можат да ја научат!