Вежби за истегнување во канцеларија
Долготрајното седење во канцеларија пред компјутер влијае на вашите мускули. Во продолжение ви даваме неколку вежби кои ќе ви помогнат да ги истегнете мускулите.
1. Истегнување на рамења
Почнете со истегнување на задниот дел на вашето рамо:

- Со едната рака држете го зглобот на другата рака
- Нежно придвижете ја кон градите. Не го вртете телото додека се истегнувате.
- Останете во оваа положба 10 до 15 секунди и ќе почувствувате притисок во задниот дел од рамото
- Релаксирајте и полека вратете ја раката во почетна положба
- Повторете го истегнувањето со другата рака
2. Истегнување на надлактица

За да го истегнете грбот и рамото:
- Подигнете ја едната рака и поставете ја позади глава
- Другата рака поставете ја на свитканиот лакот и нежно истегнувајте ја надлактицата и рамото.
- Останете во оваа положба 10-15 секунди, дишете нормално
- Опуштете се и вратете се во почетна позиција
- Повторете ја истата вежба со другата рака
3. Граден кош

За да ги истегнете мускулите на градниот кош:
- Поставете ги рацете позади вратот
- Со рамото повлечете ги рацете наназад колку што можете повеќе
- Останете во оваа положба 10-15 секунди, дишете нормално
- Полека опуштете се и вратете се во првобитна положба
- Повторете
4. Врат
За да се ослободите од вкочанет врат, рамо и мускули:

- Наведнете ја главата надолу
- Обидете се со брадата да го допрете градниот кош
- Останете во оваа положба 10-15 секунди, дишете нормално. Ќе почувствувате притисок во задниот дел на вратот
- Опуштете се и вратете се во почетна положба
- Повторете
5. Глава

Исто така, можете да ги истегнете мускулите на вратот со вртење на главата:
- Седнете исправено со главата нанапред
- Свртете ја главата на едната страна додека рамењата се исправени
- Останете во оваа положба 10-15 секунди, дишете нормално. Ќе почувствувате притисок на едната страна на вратот и рамото
- Опуштете се и вратете се во почетна положба
- Повторете ја вежбата на другата страна
6. Странични мускули на вратот
За да ги истегнете страничните мускули на вратот:

- Седнете исправено со главата нанапред
- Навалете ја главата, така што ќе го придвижувате увото кон рамењата. Не го доближувајте увото до рамото
- Останете во оваа положба 10-15 секунди, дишете нормално. Ќе почувствувате тензија во надворешната страна на вратот
- Опуштете се и вратете се во почетна позиција
- Повторете ја вежбата на другата страна
7. Бедра
За да го истегнете задниот дел од бедрата:
- Седнете исправено на столица
- Придвижете го коленото од едната нога кон градите. Користете ги рацете и поставете ги на задната страна на коленото и нежно повлечете ги кон вас. Грбот треба да биде исправен и да внимавате да не се навалувате нанапред
- Останете во оваа положба 10-15 секунди, дишете нормално. Ќе почувствувате тензија во задниот дел од бедрата.
- Повторете ја вежбата со другата нога.
8. Половина
- Раширете ги нозете во правец на рамењата. Колената треба да ви бидат исправени
- Стапалата свиткајте ги кон вас
- Наведнете се полека и со рацете допрете ги стапалата
- Останете во оваа положба 10-15 секунди, дишете нормално. Ќе почувствувате притисок во половината
- Опуштете се и вратете се во почетна положба
- Повторете