Како да го заштите коленото додека вежбате?
Коленото е најголемиот зглоб во телото кој ви овозможува слободно да се движите. Со одржување на нормална телесна тежина и редовна физичка активност може да го заштитите од оштетувања и развој на некои болести и состојби како остеоартритис.
За да го намалите ризикот од повреди треба да ги следите следниве совети:
Одвојте доволно време за загревање
Без разлика што вежбате, важно е да почнете со загревање и истегнување за да ги подготвите мускулите и зглобовите за поинтензивни движења. При секоја положба останете најмалку 30 секунди и не заборавајте да дишете. Вежбањето со вкочанети мускули може да доведе до болка и повреда.
Зајакнете ги мускулите
Многу е важно секој ден да правите едноставни вежби за да ги зајакнете мускулите како качување по скали или чучњеви. Колку мускулите се посилни, толку се поефикасни во заштитата на коленото.
Одберете активности кои не го оптеретуваат коленото
Ако трчањето ви предизвикува болка во коленото тогаш размислете за некоја друга активност како возење на велосипед или пливање. Овие активности се одлични за вашата кондиција а не го отптоваруваат коленото.
Носете соодветни чевли
Многу е важно да имате соодветни спортски обивки или влошки кои ќе даваат поддршка на зглобовите додека вежбате.
Не ја игнорирајте болката
Ако за време на вашата активност чувствувате дури и најмала болка или непријатност во коленото веднаш престанете. Ставете ладна облога. Ладното го намалува воспалението, што може да доведе до болка и други проблеми. Мирувајте одреден период и заштитете го коленото со соодветна ортоза или стегач.