Кои се предностите на кломпите со мемори перниче?
Болка во грбот, намалена циркулација, вкочанетост, па дури и главоболка можат да бидат последица од долготрајно стоење. Овие негативни последици се поголеми кога цел ден ќе се помине во неудобни и неквалитетни обувки.
Кломпата ја „чува главата“
Лекари, медицински техничари, стоматолози, фризери се дел од професиите каде е многу важно да се носат удобни и квалитетни кломпи. Истото важи и за лицата кои имаат проблеми со карлицата или слаба циркулација. Удобни, кожни и анатомски обликувани кломпи се главните сојузници на здрави нозе и грб. За целодневното стоење да биде поудобно се препорачуваат кломпи со перниче од мемори пена.
Позитивно влијаат на зглобовите
Овие кломпи пред сѐ се анатомски обликувани. Изработени се од природни материјали што овозможува ногата да дише, а материјалите имаат и антибактериски својства. Сето ова придонесува за поголема удобност на стапалото. Една од предностите на овие кломпи е заштита на зглобовите. Кога се носат неквалитетни кломпи сета тежина на телото „паѓа“ на зглобовите, што долгорочно значи нивно оштетување. Со оглед на тоа што перничето во делот на петата служи како амортизер, настанува рамномерна распределба на тежината врз нозете, со што се заштитуваат зглобовите.
Го намалуваат притисокот на петата
Еден од најчестите проблеми е одењето на прсти или на пети. Кломпите со мемори перниче овозможуваат подеднакво распоредување на притисокот на петите и прстите. На овој начин петите се заштитени од преголем притисок. Со намалување на притискот во петите се заштитува лигаментот кој го држи сводот на стапалото, со што се спречува појава на шилец во пета.

Подобруваат циркулација
Ладни нозе и трнење во нозете се знак на слаба циркулација. Кломпите со мемори перниче служат како справа за вежбање. Бидејќи тежината се распределува подеднакво – стапалото е активно. Ова значи подобра циркулација и подобро здравје.
Го коригираат чекорењето
Со овие кломпи, одењето е под блага косина која е направена за совршено да одговара на природната физиономија и положба што ја има стапалото при одење.
