×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Трамболина во третман на деца со аутизам

Трамболина во третман на деца со аутизам

Физичката активност е корисна за децата со аутизам. Преку неа тие стекнуваат нови моторни вештини, подобра координација, ги зацврстуваат мускулите и ја подобруваат кондицијата. Најдобар начин за да го натерате вашето дете да вежба е трамбулината.

Паралелна игра

Скокањето на трамболина преставува индивидуална физичка активност што може да се изведува во група и овозможува паралелна игра, што е идеална за деца со аутизам. Со паралелната игра (каде децата играат заедно но не влијаат едно на друго) овие деца учествуваат во физичка активност заедно со другите, но без стрес од конкуренција, без сложени правила, а истовремено избегнуваат меѓусебни директни контакти.

Кои се предностите?

Физичката активност со повторување е добро познат механизам за вежбање на деца со аутизам. Ваквите движења може да бидат замена за други форми на повторувачки однесувања и движења. Овој вид терапија е како игра за децата, обезбедува забава и вежбање. Исто така во прилог е градењето на мускулен тонус, намалување на стереотипното однесување и подобрување на концентрацијата. Според една медицинска студија, трамболината може да обезбеди и подобрување на образовните способности и вниманието.

Социјални вештини

Трамболината е одличен начин да комуницирате со вашето дете и да му овозможите да ужива. Не се советува да се почне одеднаш, можете да го поддржите вашето дете и да почнете заедно. На почетокот вклучете едноставни игри за да биде уште позабавно, како плескање со рацете, броење додека скокате или пеење песни за да потикнете интерактивна игра. Можностите се бесконечни.

Моторни вештини

Трамболините се одличен начин за подобрување на моторните вештини. Оваа форма на вежбање им овозможува на децата развој на мускулите, зацврстување на коските и подобрување на кондицијата. Истражувањата покажаа дека децата со аутизам тешко ги контролираат своите постапки, но ритмичкото скокање ги интегрира нивните постапки во едно едноставно движење. Тие стануваат свесни како нивното движење влијае врз околината.

Сензорни вештини

Децата со аутизам се склони кон анксиозност. Скокањето може да се искористи тие да се ослободат од некои скриени чувства и да ја ослободат енергијата на позитивен начин. Ова е „безбедно место“ каде што вашето дете ќе избега. Трамболината која ја има во продавниците на Медикус Хелп е мобилна и е лесна за транспорт и складирање.

Учење преку игра

Децата со аутизам многу поефикасно учат кога можат да го комбинираат интелектуалниот развој со забавни активности. На овој начин полесно ќе комуницирате со вашето дете. Традиционалните методи на учење често се тешки за децата со аутизам. Ова не треба да се гледа како неуспех, туку можност да комуницирате. На пример, додека вашето дете скока на трамболина, можете да учите да броите.