6 најчести повреди од возење велосипед
Велосипедизмот е одличен спорт за одржување на телесната тежина и воопшто за целокупното здравје. Претставува кардио вежба која го активира целото тело. Но велосипедизмот и не е така едноставна физичка активност. Според статистиките 42 % од велосипедистите имаат повреди на колената, 36% ги повредуваат препоните 31 % имаат повреди на рацете и грбот.
Болка во коленото
Една од најтешките повреди во спортот е повреда на коленото. Велосипедистите ги прицврстуваат нозете на педалите со предниот дел од нозете. Меѓутоа ако не се поставени правилно, може да се јави остра болка во колената која нема брзо да исчезне. Дополнително доколку силно удирате на педалите, постои опасност од повреда на коленото и пателата како и лигаментот на квадрицепсот. Затоа кога возите велосипед внимавајте и секогаш прилагодувајте го отпорот за да ги заштитите колената.
Болка во долниот дел од грбот
Доколку сте во една позиција подолго време, без пауза, може негативно да влијае на мускулите. Ова е уште еден проблем за велосипедистите, бидејќи положбата додека се вози велосипед го оптоварува `рбетот.
Ахилова тетива
Ова е уште една повреда како последица на прекумерно возење и причина за воспаление. Бидете сигурни дека велосипедот кој го возите е вистински за вас и нозете ви се правилно позиционирани. Доколку почувствувате болка, одморете се неколку дена. Доколку имате оток ставете ладни облоги. Бидете сигурни дека седиштето не ви е премногу високо поставено. Прстите треба да се поставени надолу, и на тој начин ќе имате континуирана контракција на мускулите во листовите.
Мускулна цврстина
Можеби не знаете но мускулите на задниот дел од ногата (задна ложа) и мускулите на листовите се многу затегнати. Вие не го чувствувате тоа додека возите, бидејќи вашето тело се прилагодува на постојаното движење. Оваа напнатост и затегнатост може да доведе до кинење на мускулите. Затоа секогаш загревајте се пред да седнете на велосипед, и истегнете ги мускулите кога ќе завршите. Користете пенест цилиндар како дополнително средство за опуштање на мускулите.
Вкочанетост во нозете
Не ги чувствувате нозете? Не паничете. Тоа е честа појава. Најголема причина покрај студеното време се и чевлите. Возењето на нагорнина е една од причините, бидејќи се создава голем притисок во нозете. Исто така треба да внимавате чевлите да не ги стегаат стапалата и да не се премногу тесни.
Замор во мускулите
Замор во мускулите се јавува по долги возења, каде се ослободува млечна киселина која е причина за болка во мускулите. Најдобро е после секое возење да ги масирате вашите нозе со помош на пенест цилиндар. Исто така може да ви помогнат и кинезитраките пред секое возење.