×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Кога да ја замените вашата перница?

Кога да ја замените вашата перница?

Перницата е важен дел за добар сон. Нејзината функција е да даде поддршка на вратот и главата додека спиете, за да се разбудите без болка и вкочанетост. Но перницата по одреден временски период ја губи својата функција и потребно е да ја замените. Ако се прашувате дали вашата перница е за менување, пробајте ги овие едноставни тестови за да видите дали е време да си купите нова перница.

Тест 1
Како се чувствувате кога ќе се разбудите? Со текот на времето вашата перница ја губи формата и не ја дава потребната поддршка и удобност, особено во делот на вратот. Доколку се будите со болка и вкочанетост во вратот, треба да си земете нова перница.

Тест 2
Поставете ја перницата на рамна површина и видете како изгледа. Не треба да има вбдлабнатини и грутки. Пред да легнете, ако треба да ја потресете перницата за да ви биде удобна, време е да ја фрлите.

Тест 3
Свиткајте ја перницата на половина и ставете ја раката одозгора. Држете ја перницата во оваа положба 30 секунди. Кога ќе ја тргнете раката перницата треба да се врати во оригинална форма. Ако остане поклопена и не се повлече брзо, заменете ја перницата со нова.

Тест 4
Со текот на времето во вашата перница се собираат грини, мртва кожа и други алергени. Ова го зголемува ризикот од алергиски реакции. Во зависност од квалитетот и составот на перницата, треба да се менува на секои 3-4 години.

Тест 5
Доколку внимавате на вашата перница и правилно ја одржувате, подолго ќе ви трае. Постојано користење на навлака и редовна промена на истата ќе ја зачувате вашата перница чиста. Кога ќе ја перете перницата следете ги инструкциите за нејзино оддржување од производителот.