Дали да ја замените канцелариската столица со физиотопка?
Едно од најновите препораки во ергономијата (наука која ја проучува ефикасноста на работното место) е замена на традиционалните канцелариски столици со столица со физиотопка.
Што велат експертите по ергономија
За да се намали штетноста од долготрајното седење, научниците советуваат да се замени традиционалната столица со столица со физиотопка. На овој начин, ќе добиете дополнително вежбање и ќе имате подобро држење во исто време. Користењето на физиотопки како канцелариски столици е новата стратегија во светот насочена кон намалување на заморот, непријатноста и болестите кои се јавуваат како последица на долготрајното седење.
Но дали столицата со физиотопка е навистина ефикасна?
Според експертите по ергономија предноста на столицата со физиотопка е тоа што со нестабилноста на топката, додека седите ќе мора да ги активирате мускулите на грбот, за да ја подобрите положбата и да ја намали непријатноста.
Уште една придобивка од столиците со физиотопка се изгубените калории. Кога мускулите се активирани, се согоруваат повеќе калории во споредба со седењето на традиционалната канцелариска столица.
Кои се предностите од активното седење:

