Вратете ја самодовербата после мастектомија
Не постои правило како треба да се чувствувате после мастектомија. За повеќето жени загубата на дојката претставува проблем и тешко ги прифаќаат промените на своето тело. Доколку сакате повторно да си ја вратите самодовербата во продолжение ве советуваме што да направите.
Неколку совети како да се соочите и спротивставите на болеста:
- Бидете опкружени со луѓе во чие друштво уживате
- Отворено разговарајте за вашите стравови и проблеми
- Правете работи кои ги сакате и во кои што уживате
- Носете облека во весели бои и поминете некое време во посветување на самата себе
- Бидете свесни за малите нешта кои ви го разубавуваат животот
- Изберете и носете атрактивна долна облека
- Бидете отворени за нежност и топлина
Протези за сигурност од самиот почеток
Не треба воопшто да се вознемирувате доколке сте ја изгубиле дојката. Постојат протези по операција и по период на заздравување кои ќе ја надополнат загубата. Протезите се со природни форми и големини и се прилагодливи за секоја жена:
- Priform – Веднаш по операција и за време на радиотерапија, кожата е сеуште многу нежна. Лесната памучна градна форма е специјално дизајнирана да го заштити нежното ткиво кај лузната по операцијата. Чистиот памук на страната ја прави оваа протеза екстремно мека и со пријателски допир на кожата.
- Силиконска градна протеза – Во потполност се прилагодува на вашето тело. Благо и удобно се приспособува на градите не иритирајќи го нежното ткиво на лузната.
- Силиконска градна протеза – Light модел – Полесна е за 28% од традиционалните градни модели, што претставува дополнително олеснување за жени со поголеми гради. Погодна е за жени со лимфедема и болки во пределот на рамениците, вратот и `рбетот. Идеална е за сите видови спорт-особено пливање.
- Classic Contact – Се прилепува директно на кожата и го прати движењето на телото со што допринесува да ја чувствувате како природна. Останува на своето место дури и кога се наведнувате. Ги растеретува рамениците од притисок што е особено важно за жените со лимфоедема или поголеми гради. Има антиалергиска леплива површина.
- Balance – Оваа протеза се препорачува после отстранување на дел од дојката. Природниот мек силокон нежно се приспособува на останатиот дел од дојката. Лесно се прилагодуваат и местат и овозможуваат слободно и сигурно движење во секоја ситуација.

