Остеопороза и скршеници на `рбет
Кога остеопорозата ќе ги ослабне вашите коски, постои голема опасност од скршеници, дури и на коските од `рбетот. Овие спинални скршеници, може да доведат до болки во грбот што ќе ви биде тешко да стоите, одите, седите или да подигнете нешто. Доколку имате остеопороза, најдобар начин да ги превенирате скршениците е да носите специјализиран корсет Спиномед, кој ќе го заштити вашиот `рбет од фрактури.
Симптоми на скршеница на `рбет:
- Ненадејна и тешка болка во грбот
- Болка која се влошува кога ќе станете или одите
- Проблеми со виткање на телото
- Губење на тежина
- Закривена, наведната позиција на рбетот.
Скршеници во долниот дел од `рбетот често може да предизвикаат поголема болка и проблеми со движењето за разлика од скршениците во горниот дел.
Кој има ризик од скршеница на `рбетот?
Жените постари од 50 години, имаат зголемен ризик од фрактури на `рбетот. Над 80 годишна возраст, 40% од жените имале скршеница на `рбетот. Со стареењето, коските стануваат се послаби, а со тоа и ризикот од скршеници е поголем. Жените и мажите со остеопороза имаат поголем ризик од фрактури на `рбетот.
Како да спречите?
Најдобар начин е да ја превенирате остеопорозата. Доколку веќе имате остеопороза треба да спречите болеста да напредува. Во зависност од степенот на болеста, најдобар начин да превенирате скршеници на `рбетот е да носите специјализиран корсет Спиномед, кој не се забележува под облеката и нема да ви го ограничува движењето. Во исто време го растеретува `рбетот и ги зајакнува мускулите.

