Како да откриете дали имате Слип апнеа?
Дијагностиката на Слип апнеа (апнеа при спиење) започнува со преглед кај доктор, најчесто специјалист (пулмолог или оториноларинголог). Овој процес вклучува неколку чекори за да се процени состојбата и да се утврди соодветниот третман:
1. Медицинска историја и симптоми
Најпрво ќе треба детално да му ги објасните сите симптоми на докторот. Најчести симптоми се гласно ’рчење, чувство на замор, често будење ноќе или утрински главоболки. Исто така, ќе ja разгледа вашата историја на болести и ризик фактори како прекумерна тежина или фамилијарна историја на апнеја при спиење.
2. Физички преглед
Следен чекор е проверка на структурата на дишните патишта, грлото и носот, бидејќи некои анатомски абнормалности може да придонесат за Слип апнеа.
3. Полисомнографија/полиграфија (PSG)
Ова е најточниот тест кој може да се изведе и во домашни услови. За ова тестирање потребен е специјален преносен апарат кој го снима дишењето во текот на сонот (кислородна сатурација и дишење).
Овој апарат помага во откривање на бројот на апнеи во текот на ноќта (епизоди на паузи во дишењето или намален проток на воздух). Потоа овие резултати ги чита доктор кој е специјализиран за оваа проблематика.
4. Дополнителни тестови
Во зависност од резултатите, може да се направат дополнителни испитувања, како ендоскопија на дишните патишта или проценка на функцијата на белите дробови.
5. Дијагноза
По поставувањето на дијагнозата, се одредува најсоодветниот третман кој може да вклучува уреди за поддршка на дишењето (CPAP машини), промена на начинот на живот или во одредени случаи, хируршки зафат за подобрување на протокот на воздух.
Важно: Оваа состојба може да доведе до сериозни последици поради недостигот на кислород до мозокот во текот на ноќта, затоа ако имате сомнеж дека имате Слип апнеа јавете се веднаш на телефонскиот број 070294458 и закажете консултација.