×

Cart

Your cart is empty.




Значењето на семејната историја во борбата со ракот на дојка

Значењето на семејната историја во борбата со ракот на дојка

Ракот на дојка е најчест малиген карцином кој се појавува кај жените. Еден од поважните фактори кој може да влијае на ризикот од развој на оваа болест е семејната историја. Постојат неколку битни информации кои треба да се знаат во врска со овој ризик фактор.

1. Генетски предиспозиции

Истражувањата покажуваат дека околу 5-10% од случаите на рак на дојка се наследни, што значи дека се предизвикани од генетски мутации што се пренесуваат од генерација на генерација. Најпознати гени што го зголемуваат ризикот од развој на рак на дојка се BRCA1 и BRCA2.

Ако постои семејна историја на рак на дојка, особено кај блиски роднини како мајка, сестра или баба, важно е да се разгледа можноста за генетско тестирање. Ваквото тестирање може да помогне во откривање на наследните гени што го зголемуваат ризикот, овозможувајќи на жените да преземат соодветни превентивни мерки.

2. Како семејната историја го зголемува ризикот?

Ако неколку жени во семејството биле дијагностицирани со рак на дојка, особено пред 50-тата година од животот, тоа е силен показател дека може да постои генетска предиспозиција за оваа болест. Дополнително, ако и мажите во семејството биле дијагностицирани со рак на дојка или рак на простата, тоа може да сугерира зголемен ризик поради наследни мутации.

3. Превенција и рана детекција за жени со семејна историја

Редовните мамографии и прегледи може да бидат закажани почесто или на помлада возраст од вообичаеното, особено ако се идентификуваат наследни генетски мутации. Дополнително, здравиот начин на живот, редовната физичка активност, одржувањето на здрава телесна тежина и намалувањето на алкохолот, може да помогне во намалување на ризикот.

4. Разговор во семејството и важноста на наследната историја

Многу семејства избегнуваат да зборуваат за болестите што ги зафатиле нивните членови. Многу е важно да се споделат овие информации бидејќи токму медицинскиот историјат на членовите од семејството може да превенира од појава на канцер.

Семејната историја на рак на дојка игра значајна улога во проценката на ризикот за оваа болест. Важно е жените да се информираат за својата семејна историја и да се консултираат со лекар, за да можат да ги преземат неопходните чекори за заштита на своето здравје.