×

Cart

Your cart is empty.




Решение за подобро здравје на Вашето дете

Решение за подобро здравје на Вашето дете

Во светот на детскиот мебел, постојано се воведуваат нови иновации кои имаат за цел да го подобрат здравјето и удобноста на нашите малечки. Една од тие иноивации е столицата за седење со физиотопка

Што е столица со физиотопка?

Столицата со физиотопка е комбинација од класична столица и воздушна пилатес топка на која децата седат. Оваа топка е интегрирана во столицата, овозможувајќи на детето да седи со малку нестабилност, што го поттикнува активирањето на мускулите .

7 Предности на столица со физиотопка

  • Подобрување на постурата

Седењето на физиотопка го поттикнува активирањето на мускулите на грбот и торзото, што резултира со корекција на постурата. Кога детето седи на топката, неговото тело природно се приспособува за да одржи баланс, што помага да се избегне неправилно држење на телото.

  • Поттикнување на моторните вештини

Активното седење на физиотопка ги развива моторни вештини кај децата, бидејќи тие постојано го контролираат своето тело за да останат во баланс. Ова може да има позитивен ефект врз нивната координација и физичка активност.

  • Зголемување на фокусот и концентрацијата

Истражувањата покажуваат дека активното седење може да ја зголеми концентрацијата кај децата. Кога тие се физички активни дури и во текот на седењето, тоа може да им помогне да останат фокусирани подолг период, што е корисно за учење и извршување на задачи.

  • Намалување на напнатоста и болката

Со редовно користење на физиотопката, се намалува напнатоста во мускулите и се избегнува болка која често се појавува кај децата кои долго време седат во неправилна позиција.

  • Мултифункционалност

Физиотопката има можност за отстранување, со што истата може да се користи за вежби во Вашиот дом. Ова значи дека истата може да ја користи секој член од вашето семејство и да ја замени вашата стандардна пилатес топка.

  • Безбедност и квалитет

Столицата има вградени кочници кои се поставени на секое тркало и обезбедуваат поголема стабилност при седење. Задниот дел од столицата има вграден наслон кој дава поддршка на лумбалниот дел додека детето седи.

  • AB систем

Физиотопката има заштитен AB систем кој спречува нагло пукање на топката. Доколку истата се оштети нејзиното испумпување е бавно и безбедно.

Столицата за седење со физиотопка е одличен избор за родителите кои сакаат да го подобрат здравјето на своите деца. Оваа иновативна столица не само што ги поттикнува децата да седат правилно, туку и да бидат активни, што може да има позитивни ефекти врз нивниот развој. Доколку размислувате за обнова на детскиот мебел, столицата со физиотопка може да биде одлична инвестиција во здравјето на вашето дете.