×

Cart

Your cart is empty.




​Мит или вистина за лимфедема

​Мит или вистина за лимфедема

Лимфедемата е состојба која се појавува како последица на неправилно работење на лимфниот систем. Овој проблем се јавува кај лица кои имале канцер и истиот им бил хируршки отстранет. При оперативниот зафат превентивно се отстрануваат и дел од лимфните јазли со цел да не се дозволи проширување на канцерогени клетки.

За жал информацијата од ризикот за лимфедема ретко кој ја дознава. Првото превентивно решение после операцијата е користење на компресивна ракавица/чорапа која ќе помогне да се регулира лимфниот тек. Но како што спомнавме претходно, најчесто лицата не се информирани и како последица на тоа се појавува едем на раката или ногата.

Следниот чекор кој треба да се направи е да се консултирате со Вашиот онколог дали смеете да користите лимфна дренажа. Доколку тој Ви одобри веднаш закажете ја вашата прва консултација. Вашето здравје доверете го исклучиво на професионалци кој се едуцирани и квалификувани за оваа работа. Третманот за лимфедема е комплексна процедура и затоа внимателно одберете го физиотерапевтот кој ќе го работи.

Неколку митови и вистини поврзани со лимфедема

Мит:

Ако не ми се појави оток, немам потреба да носам компресивна ракавица/чорапа.

Вистина:

Компресивната терапија помага во регулирање на лимфотекот и превенира појава на оток. Доколку не носите компресивна ракавица, голема е веројатноста дека ќе се појави едем.

Мит: Ако немам болки во раката, нема потреба да внимавам на неа.

Вистина: Раката на која се отстранети лимфни јазли треба да ја штедите од физичка работа, не е препорачливо да носите тежок товар со неа, избегнувајте да носите тесен часовник или накит на неа и изберете градник кој е удобен, има широки прерамки и подеднакво ја распоредува тежината на градите.

Мит:

Летањето во авион по операцијата на лимфните јазли ќе предизвика лимфедем.

Вистина:

Летањето со авион може да предизвика едеми (отоци) на долните екстремитети кои не се поврзани со лимфедема. Појавата на лимфедема е поврзана со начинот на живот кој го водите. Најголеми ризик фактори се: нездрава исхрана, зголемена телесна тежина, тешка физичка работа, тесна облека).

Мит:

Вежбањето може да предизвика појава на лимфедема.

Вистина: Контролираното внимателно вежбање е безбедно за лицата со лимфедема.

Мит:

Доколку дома ја масирате раката/ногата по 20 минути на ден, може да избегнете појава на лимфедем.

Вистина:

Мануелната масажа на рака/нога која има лимфедема треба да се третира исклучиво од лиценциран, едуциран физиотерапевт кој има специјална едукација и обука за оваа состојба. Во спротивно може да настанат компликации.

Доколку имате проблем со лимфедема или познавате некој којшто ја има оваа состојба веднаш јавете се и закажете консултација на телефонскиот број 071229086. Третманот за лимфедема го извршува специјалист физиотерапевт по ортопедија кој има успешно завршена обука за третман за лимфедема во специјализираната Болница Lympho Otp, Во Германија.