×

Cart

Your cart is empty.




Како правилно да го одржувам кислородниот концентратор?

Како правилно да го одржувам кислородниот концентратор?

Потребата од кислородна терапија е честа појава кај лицата со белодробни заболувања. Оваа терапија во домашни услови честопати звучи многу комплицирана и сложена. Кислородниот концентратор е апарат кој може да се користи во болнички и домашни услови. Апаратот е со современ дизајн, лесен за ракување и исклучително тивок.

Ги подготвивме одговорите на најчестите прашања поврзани со одржување на кислородниот апарат.

Која е разликата помеѓу кислороден концентратор и кислородна боца?

Најголемиот бенефит на овој апарат е фактот дека истиот не треба да се полни со кислород за разлика од кислородната боца. Тој апсорбира воздух од просторијата го преработува и на пациентот му обезбедува кислород со висок степен на чистота – 93% ± 3%. Вдишувањето се одвива преку назална канила или кислородна маска.

Како правилно да го користам кислородниот концентратор?

  • Концентраторот треба да е поставен на позиција во која во околината ќе има слободен проток на воздух (да не е залепен до ѕид или покриен).
  • Во текот на денот просторијата да се проветрува еднаш до два пати, со цел да циркулира нов чист воздух.
  • Немојте да ја поставувате назалната цевка под покривката или перницата. Доколку кислородот што го произведува машината, не се вдишува може да биде поддршка во запалување.
  • Доколку никој не вдишува кислород исклучете ја машината,
  • Кислородната цевка, кислородната маска и носната канила што ги користи пациентот, треба да се чуваат чисти, дезинфицирани и стерилизирани.
  • Бидејќи кислород е лесно запалив, машината треба да се чува подалеку од директна сончева светлина, лесно запаливи материјали, запалки. Забрането е пушење во просторијата каде што се наоѓа машината и пациентот.

Како правилно да го одржувам апаратот?

Одржувањето (чистењето) на апаратот се прави исклучиво кога апаратот е исклучен.

  1. Редовно менувајте ја водата во навлажнувачот (на секои 2-3 дена), особено во лето. Ве молиме, доколку уредот, не го користите неколку дена, истурете ја водата од навлажнувачот и пред повторна употреба, измијте го и исушете го шишето. Водата задолжително да биде дестилирана или ладна зовриена вода и количината да биде во рамките на скалата помеѓу највисоката скала и најниската.



Кога апаратот е исклучен, надворешниот дел исчистете го со мека крпа, натопена во благ детергент, а потоа  избришетет  го со чиста сува. Оваа постапка практикувајте ја  1-2 месечно.

Најважен чекор е секојдневното одржување на хигиената на мрежниот филтер за довод на гас.


Детален опис:

 Исчистете го прозорецот на филтерот со течен детергент, а потоа исплакнете го прозорецот на филтерот со чиста вода, ве молиме да го чистите филтерот  кое е со црна пена (слика 1) на секои 3-4 дена со вода и почекајте прозорецот на филтерот да се исуши на воздух. Овој филтер менувајте го на секои  3000 часа.

 4.Исчистете го филтерот за довод на воздух.