Како секоја грижлива мајка, така и јас го следев развојот на моето синче. После два месеци забележав нешто невообичаено во формата и позицијата на стапалата.
Моето име е Наташа Митев. Јас сум мајка на едно прекрасно синче кое моментално има 5 месеци. Моето ангелче дојде на овој свет малку порано од очекуваното и од тој ден ни го разубавува животот. Растевме, се гушкавме, се галевме и деновите минуваа многу брзо. Како секоја грижлива мајка, така и јас постојано внимателно го следев неговиот развој, бидејќи како што кажав ни пристигна малку порано очекуваното.
После два месеци забележав нешто невообичаено во формата и позицијата на стапалата. Не знаев што може да биде и затоа веднаш посетивме ортопед. Тој и ни кажа дека оваа состојба се вика metatarsus adductus. Оваа состојба ни ја опиша како чест деформитет на стапалцата кај бебињата што предизвикува предната половина на стапалото да се сврти навнатре.
Добрата работа е тоа што брзо сме реагирале и дека има простор за корекција. Докторката ни препорача користење на гипс, но бидејќи се плашевме дека ќе ја пасивизираме мускулатурата на ножето не се одлучивме за тоа решение. Потоа посетивме и друг ортопед и полека дознавме дека постои чевличка која може да ја направи таа корекција. Оваа чевличка ја најдовме во Медикус Хелп и почнавме да ја користиме. После 3 недели забележав промена во формата на стапалото, иако сè уште не беше достигнат максимумот многу се израдував. Чевличката ја користевме два ипол месеци од кои последната недела само ноќно време. Тогаш забележавме дека стапалцето е целосно коригирано. Посетивме повторно ортопед и ни го потврди тоа што го видовме. На прашањето дали ќе треба повторно да се користи, ни одговорија дека нема да има потреба бидејќи целта е постигната.
Почувствуваме огромно олеснување и токму затоа сакам да го препорачам ова помагало на секоја мајка која има забележано ваков проблем кај своето најмило. Брзата и навремена реакција е најбитна за децата. Тоа што се во процес на раст и развој овозможува брзо и ефикасно коригирање на стапалата.