×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Дисторзија (Шинување) на скочен зглоб

Дисторзија (Шинување) на скочен зглоб

Дисторзија, шинување на скочен зглоб е една од најчестата мускуло-скелетна повреда и на неа отпаѓаат 20-30% од сите повреди предизвикани од физичка активност.

Половина од сите повреди во кошарката и една третина од повредите кои се случуваат во фудбалот се токму резултат на дисторзија на скочен зглоб.

Еднаш направена дисторзија на скочен зглоб е најпредиспонирачкиот фактор за таа да се случи повторно.

Искуството кажува дека таа има можност да се превeнира, но доколку се случи третирањето треба да започне соодветно и веднаш, имајќи предвид дека оваа состојба лесно преминува во хронична.

Тимот на Медикус ХелпДоколку дисторзијата сепак се случи, веднаш по повредата од нашата програма Ви препорачуваме (усогласено со протоколите за третман на дисторзии на скочен зглоб):

1. Ладна облога, која секогаш ја чуваме во нашите фрижидери со цел да не дозволиме голем оток кои ќе го продолжи периодот на рехабилитација.

2. Поставување на полуцврста ортоза обложена со комори од гел/воздух.

3. Бандажер со дополнително појачување со постојано користење во следните 3-4 недели со цел да обезбедиме поддршка на зглобот без дополнително да ја пасивизираме мускулатурата.

4. Ортоза за скочен зглоб која ќе се користи како заштита од повторување на дисторзијата. Физичката активност и спортувањето ни се повеќе од потребни, наместо да ги избегнувате, обезбедете си безбедно спортување.