Моментално имам 26 години и една прекрасна вест ми ја одбележa оваа година. Tоа е мојата бременост.
Здраво, моето име е Ана Божиноска Тодороска. Мојата професија е логопед. Желбата да помагам на други луѓе кај мене се има појавено од најмали години. Моментално работам како координатор на услугата „Помош и нега во домот“ во Општинската организација на Црвен крст Кичево. Тука работам две години, а претходно околу три години работев како логопед. Посетуваме многу семинари и обуки и секојдневно сме во допир со лица на кои им е потреба несебична помош. Самото волонтирање во Црвен крст мене лично ме поттикна да продолжам со образование каде што понатаму и професионално ќе може да бидам во допир со лица на коишто навистина им е потребна несебична помош и поддршка.
Моментално имам 26 години и една прекрасна вест ми ја одбележa оваа година. Tоа е мојата бременост. Јас сум физички доста активна, таква бев и претходно пред бременоста. Посетував зумба и пешачев секојдневно, а и самата работа ми е таква да сум активна бидејќи голем дел од времето ми поминува на терен. Бидејќи со ортопедски проблеми сум од порано, до пред бременоста можеа да се толерираат, но како што одминуваше бременоста веќе ми се појавија болки во колената, листовите и стапалата. Последните три месеци имав оток на стапалата и специфична болка во петите. Со самата болка веќе не можев да бидам активна како претходно.
Во разговор за мојот моментален проблем со близок пријател, добив информација дека има можност да користам ортопедски влошки. Непосредно после тоа дознав дека во мојот град ќе се одржи бесплатно скенирање на стапала од страна на физиотерапевт. Го направив тој преглед и врз основа на резултатите почнав да користам соодветни ортопедски влошки. Поради зголемениот притисок кој го правам врз петите, како последица на промената на телесната тежина ми одредија влошки со специјално растеретување на петата.
Искрено за околу недела дена веќе имаше промена од редовно носење на влошките. Отокот исчезна и болката се намали. Ги користам веќе два месеци и моментално немам никаква болка.
Благодарение на моето искуство сакам ортопедските влошки да ги препорачам на сите жени, а посебно на оние кои се постојано активни и ги имаат сличните симптоми како моите. Дополнително сакам да споделам дека ортопедските влошки треба да користиме и превентивно. Бидејќи како што вели една поговорка која ја знаеме од постарите “подобро да се спречи отколку да се лекува”.