×

Cart

Your cart is empty.




Како да живеете подобро со инконтиненција?

Како да живеете подобро со инконтиненција?

Ако имате инконтиненција, не дозволувајте да ве спречи во секојдневните активности- излезете и уживајте во животот. Инконтиненција е сериозен проблем во опшеството кој се јавува кај 1 од 4 жени и 1 од 8 мажи. Поголем дел имаат блага форма на инконтиненција.

Кои се стереотипи поврзани со инконтиненција?

- Инконтиненцијата е болест;
- Кога ќе излезам, сите ќе знаат дека имам инконтиненција;
- Се ќе биде во ред и сам ќе го решам проблемот, така што нема потреба да кажувам никому за тоа;
- Инконтиненцијата ќе ја решавам дома;
- Подобро е да не се прави ништо - ќе помине сама по себе;
- и да, немам никаков проблем, јас немам инконтиненција.

Да се ослободиме од стереотипите!

Инконтиненцијата (не) е болест.

Според Светската здравствена организација, инконтиненцијата е социјален проблем, и не е болест како што е грип, астма или пневмонија. Тоа е состојба која прави поединецот да се чувствува непријатно и несигурно, што му го отежнува секојдневното функционирање и му е потребна медицинска помош. Најчесто е последица на некои заболувања, па со лекување, инконтиненцијата може целосно да исчезне. Затоа не сé кријте побарајте помош од лекар.

Од вас зависи кој ќе знае за вашиот проблем

Инконтиненцијата често се поврзува со непријатен мирис на урина. Сепак, овој мирис може да се избегне ако се користат производи за апсорпција, односно специјално дизајнирани влошки за инконтиненција. Мирисот се јавува при распаѓање на урината, од бактериите. Процесот е брз, а дополнително се забрзува при повисоката температура во долната облека, па многу брзо се чувствува мирис на наталожен амонијак. Специјалните производи за инконтиненција содржат супстанции кои ја врзуваат урината, пред бактериите да почнат да ја разградуваат. Поради ова, нема мириси и само вие, ќе знаете за вашиот проблем.

Вие + вашиот лекар = најдобриот пар против инконтиненција

Престанете да се залажувате - невозможно е да се борите сами со инконтиненција на долг рок. Посетете го вашиот лекар кој ќе ја дијагностицира вашата состојба врз основа на резултатите од тестот и ќе ви даде терапија која ќе влијае на причините за инконтиненција, а не на симптомите. Можете да се борите само со симптомите, но не и со причината. Лекарот ќе ве запознае со проблемот, ќе ви го предложи најдоброто решение. Вие треба да се грижите за вашата удобност и оптимална заштита на вашата долна облека за време на третманот.

Домашни решенија за инконтиненција

Традиционалните дебели влошки, целулозни влошки и други навидум едноставни начини за справување со инконтиненција не се добра идеја. И понатаму ќе имате непријатно чувство на влажност и мирис, од кои нема да ве заштитат. Многу подобро решение се влошките за инконтиненција кои ги елиминираат сите горенаведени фактори, а притоа може да бидат дискретни, пријатни за кожата и секако многу поефикасни. Со користење на влошките нема да мора да се грижите за „непријатни моменти“ и ќе можете без страв да одите во шопинг, во кино или на прошетка.

Нема проблем, размислете двапати

Многу луѓе не сакаат да признаат дека постојаната влажна долна облека може да биде инконтиненција. Ако самите не си признаат, како ќе го решите овој проблем.? На крајот на краиштата, воопшто нема проблем. Во меѓувреме, проблемот постои и често станува се поголем со текот на времето. Бидете отворени кога станува збор за добивање помош и не им се лутете на блиските ако ви понудат помош.

И ако навистина нема проблем, треба да размислите за превенција - според старата поговорка, подобро е да се спречи отколку да се лекува. Секојдневното вежбање на мускулите на дното на карлицата, таканаречените Кегелови вежби, може значително да го намали ризикот од инконтиненција во иднина. Зајакнатите мускули многу подобро го држат уринарниот тракт, што е многу важно за време на мокрењето, како и за спречување на несакано истекување.

Ако има проблем, има и решение

Ако вие или вашите најблиски се соочувате со инконтиненција, не губете надеж. Постои решение за секоја форма на инконтиненција. Разговарајте со вашиот лекар и ќе видите дека можете да се соочите со оваа ситуација. Влошките за инконтиненција, Молимед за мажи и жени, се совршено решение за лесна, па дури и умерена инконтиненција. Со нив ќе добиете сигурна заштита, чувство на сувост, удобност,  и намалување на непријатниот мирис.