×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Спуштено стапало - како да го олесните секојдневното функционирање

Спуштено стапало - како да го олесните секојдневното функционирање

Спуштено стапало е последица на пареза на нервот перонеус кој е одговорен за подигнување на предниот дел на стапалото. Исто така спуштено стапало  може да се јави и од невролошки состојби како мултиплекс склероза, церебрална парализа или мозочен удар.

Се манифестира со виснато стапало и пациентот се движи со т.н „петелов од“. Ова се карактеризира со високо подигнување на стапалото од земја, виткање на коленото и колкот. Пациентот го фрла стапалото напред со карактеристичен звук на прстите кои удираат во подот пред да го спушти целото стапало. Исто така е пациентот неможе да застане на пета.

Третман

Третманот се состои од лекови и физикална терапија. Исто така потребно е да се користи пластична ортоза на глуждот и стапалото (перонеална ортоза) која го држи стапалото под агол од 90 степени. Се прицврстува со ремен на долниот дел од ногата и се вметнува во чевли. Ортозата за перонеус помага да се подигне стапалото од земја во моментот на одењето и да ги компензира неправилните движења при одење.

Ортоза за спуштено стапало

Носењето на ортоза не треба да биде причина пациентите да се откажат од омилените активности. Шпанската компанија ПРИМ создаде иновативен производ кој им помогна на пациентите со спуштено стапало да го вратат квалитетот на живот. Ортозата е практично решение, едноставно за користење и не се приметува под облеката. Со помош на еластична лента може да се прицврсти за секоја обувка.