×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Дали да користите назална или кислородна маска за концентратор?

Дали да користите назална или кислородна маска за концентратор?

Назалната канила (носна маска) и кислородната маска овозможуваат испорака на кислород, во концентрирана форма, за хипоксични лица кои немаат доволно кислород во крвта.

Носната канила се состои од флексибилна цевка што се поставува под носот. Цевката има две носни цевчиња кои влегуваат во внатрешноста на ноздрите. Цевката се прикачува позади ушите и се поврзува со изворот на кислород (кислороден концентратор). Најчесто се користат за испорака на помали количини на кислород. Со нив може да се испорача кислород од 24 до 40% со проток помеѓу 1 и 6LPM.

Маската за лице пак се поставува на лице и овозможува да се внесе кислород низ уста и нос. Странично на маската им два отвори кои овозможуваат да излезе јаглерод диоксид што се ослободува при издишување.

Маската преку еластична врвка се прицврстува зад главата, а другиот крај е поврзан со извор на кислород.

Маската за лице може да испорача поголема концентрација на кислород од 40 до 60% со проток помеѓу 10 и 12LPM, што ја прави погодна за користење на повеќе кислородни концентратори.