Креативно весело новогодишно пакетче за најмилите дечиња. Пакетчето содржи производи за физиотерапија, кои помагаат секојдневната игра позитивно да влијае на физичката активност на детето.
Содржина
Масажниот прстен е ефикасно помагало за масажа и намалување на тензијата како последица на долготрајно пишување на тастатура и работа со глувче. Дополнително ја подобрува флексијата на дланката. Достапно е во 4 различни степени на отпор.
Мека топка на надувување со дијаметар од 25 см. Поволна е за вежби за екстремитети кои вклучуваат отпор. Нејзината форма и боја е интересна за малите дечиња, а со самото тоа нејзиното користење ќе биде неизбежно.
Портокаловата лента со среден отпор кој е соодветен за детската возраст. Овој производ помага за зајакнување на мускулатурата на целото тело. Се препорачува за вежби за кифоза и сколиоза.
Твистерот е одлична забавна справа, со чија помош се активираат мускулите околу половината. Има ротирачка и нелизгачка платформа од 360 степени.
Маска за аерозагадување за деца со висок процент на заштита. Во неа е поставен петслоен карбонски филтер N99 кој има степен на заштита од 99% од ПМ 2.5 и ПМ 10 честички, сулфур диоксид и јаглерод моноксид.
Faqja e internetit përdor cookie për t'ju ofruar përvojën më të mirë të mundshme të përdoruesit. Duke vazhduar të përdorni faqen tonë të internetit, ju pranoni përdorimin e cookies. Lexo më shumë
jam dakord