×

Cart

Your cart is empty.




Почуствувајте ја слободата во вашите нозе

Почуствувајте ја слободата во вашите нозе

Според статистиките речиси 25 проценти од населението има проблеми со вените. Без разлика дали се работи за проширени капилари, т.н спајдер вени, проширени вени, тромбоза или венски улкус, венски болести може да се јават со различни последици. Но, постојат голем број можности за третман и превенција.

Вашиот крвоток

Главните крвни садови на телото се артерии и вени. Артериите транспортираат крв збогатена со кислород и хранливи материи до најоддалечените делови на телото, а срцето им помага во функција на пумпа. Вените ја транспортираат крвта назад кон срцето и белите дробови. Во најголем дел крвта во вените треба да се движи спротивно од гравитацијата. Во движењето на венската крв голема улога имаат мускулите. Кога мускулите контрахираат, крвта се пумпа назад кон стомакот. Кога мускулите се релаксираат, голем број валви во вените се затвораат, со што се спречува враќање на крвта.

Кога валвите не функционираат

Здравите вени овозможуваат враќање на крвта во срцето и белите дробови, а со секоја контракција на мускулите, крвта се испраќа низ венските залистоци до следната соседна венска комора. Затворањето на залистоците, кои функционираат како еднонасочни вентили, го спречува протокот на крв. Ако венскиот ѕид е проширен, неправилен или ја изгубил својата оптимална форма, залистоците ја губат својата функција бидејќи не се затвораат правилно, крвта почнува да тече назад и се акумулира во венските комори.

Првите симптоми и можни знаци на проблеми со вените:

  • Оток на нозете и болка
  • Уморни и тешки нозе
  • Грчеви
  • Чувство на напнатост, печење или пецкање
  • Видливи знаци на проширени вени на нозете

Развој на болеста

1. Проширени капилари т.н спајдер вени

Капиларите се наоѓаат веднаш под површината на кожата со црвеникава или сино-виолетова боја. Генерално не предизвикуваат непријатност, но има случаи кога предизвикуваат помали тегоби како ноќни грчеви. Проширените капилари може да бидат показател за проширени вени кои лежат подлабоко под нив или почетна фаза на други венски дисфункции.

2. Проширени вени

Искривени, проширени вени, во кои се акумулира крв.

3. Воспаление на вените (флебитис)

Се јавува црвенило, оток, топлина и болка во погодената област.

4. Тромбоза

Тромбозата е згрутчување на крвта што се јавува во внатрешноста на вената и го спречува слободниот проток на крв. Тоа може да доведе до целосно блокирање на циркулацијата на крвта, а доколку тромбот се откачи од самиот ѕид на вената, може да настанат сериозни последици.

5. Венски улкус

Венскиот улкус е хронична рана, предизвикана од долготрајно венско заболување, често без тенденција да зарасне. Улкусите се најтешките последици од венската болест. Во областите каде што настанал улкусот, количината на кислород е намалена, додека протокот на крв е значително забавен или целосно оневозможен.

Како да ги вратите вените во живот?

Ако се сомневате или забележите дека нешто не е во ред со вашите вени, задолжително консултирајте се со вашиот лекар или флеболог. Денеска венската дисфункција може да се третира со широк спектар на методи. Изборот на кој било метод најмногу зависи од фазата на болеста, а секако и од стручното мислење на вашиот лекар. Терапиите може да се класифицираат како активни (хирургија, склерозација) и конзервативни (компресивни чорапи, лекови).

Прв чекор, основна терапија со компресија

Компресивната терапија е основата на секоја терапија за венска дисфункција како и за превенција на венските болести. Вената што се проширила не може да се врати во првобитната форма и има потреба од постојана поддршка во вид на компресија. Компресивните чорапи се користат и по постоперативни третмани или склеротерапија.

Користење на медицински компресивни чорапи

Медицинските компресивни чорапи ги препишува лекар. Од хигиенски причини потребно е да имате најмалку два пара годишно без разлика дали се работи за чорапи или хулахопки. Компресивни чорапи мора да се носат секој ден. Ефектот на компресија се намалува по шест месеци редовна употреба.

Во зависност од дијагнозата, вашиот лекар ќе ги одреди класата на компресија и типот на чорапот, без разлика дали се работи за чорапи или хулахопки.

За да се обезбеди најдобра терапија, многу е важно да го изберете најдобриот чорап кој лично најмногу ви одговара. Доколку го сакате најдоброто за себе, посетете ги нашите специјализирани продавници каде стручниот персонал ќе помогне во изборот на видот, бојата или достапните видови ткаенина.