×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Како правилно да го одржувам кислородниот концентратор?

Како правилно да го одржувам кислородниот концентратор?

Потребата од кислородна терапија е честа појава кај лицата со белодробни заболувања. Оваа терапија во домашни услови честопати звучи многу комплицирана и сложена. Кислородниот концентратор Ирене е апарат кој може да се користи во болнички и домашни услови. Апаратот е со современ дизајн, лесен за ракување и исклучително тивок.

Ги подготвивме одговорите на најчестите прашања поврзани со одржување на кислородниот апарат.

Која е разликата помеѓу кислороден концентратор и кислородна боца?

Најголемиот бенефит на овој апарат е фактот дека истиот не треба да се полни со кислород за разлика од кислородната боца. Тој апсорбира воздух од просторијата го преработува и на пациентот му обезбедува кислород со висок степен на чистота – 93% ± 3%. Вдишувањето се одвива преку назална канила или кислородна маска.

Со користење на кислородна боца може да дојде до вдишување на неконтролирано количество на кислород што доведува до влошување на состојбата на воспаленото белодробие. За разлика од боцата, кислородниот концентратор максимално може да произведе 5/10 литри кислород во минута, доза која ретко може да предизвика хипероксигенација.

Освен здравствените тешки последици, неправилното ракување со кислородните боци и ненавременото затворање на вентилот, може да предизвика експлозија.

Како правилно да го користам кислородниот концентратор?

  • Концентраторот треба да е поставен на позиција во која во околината ќе има слободен проток на воздух (да не е залепен до ѕид или покриен).
  • Во текот на денот просторијата да се проветрува еднаш до два пати, со цел да циркулира нов чист воздух.
  • Немојте да ја поставувате назалната цевка под покривката или перницата. Доколку кислородот што го произведува машината не се вдишува може да биде запаллив.
  • Доколку никој не вдишува кислород исклучете ја машината,
  • Кислородната цевка, кислородната маска и носната канила што ги користи пациентот, треба да се чуваат чисти, дезинфицирани и стерилизирани.
  • Бидејќи кислород е лесно запалив, машината треба да се чува подалеку од директна сончева светлина, лесно запаливи материјали, запалки. Забрането е пушење во просторијата каде што се наоѓа машината и пациентот.

Како правилно да го одржувам апаратот?

Одржувањето (чистењето) на апаратот се прави исклучиво кога апаратот е исклучен.

1. Редовно менувајте ја водата во навлажнувачот (на секои 2-3 дена), особено во лето. Dоколку не го користите уредот неколку дена, истурете ја водата од навлажнувачот и пред повторна употреба, измијте го и исушете го шишето. Водата задолжително да биде дестилирана или ладна зовриена вода. Kоличината на вода треба да биде во рамките на скалата помеѓу највисоката скала и најниската.

Кога апаратот е исклучен, надворешниот дел исчистете го со мека крпа, натопена во благ детергент, а потоа  избришетет  го со чиста сува. Оваа постапка практикувајте ја 1-2 месечно.

2. Најважен чекор е секојдневното одржување на хигиената на мрежниот филтер за довод на гас.

Детален опис:

Исчистете го прозорецот на филтерот со течен детергент, а потоа исплакнете го прозорецот на филтерот со чиста вода, ве молиме да го чистите филтерот  кое е со црна пена на секои 3-4 дена со вода и почекајте прозорецот на филтерот да се исуши на воздух. Овој филтер менувајте го на секои  3000 часа.

3. Исчистете го филтерот за довод на воздух.

Заменете го филтерот за довод на воздух во интервал од околу 1500 часа, отворете го прозорецот на филтерот на задниот раб, потоа исклучете го и заменете го шишето за филтер внатре.

4. Бактерискиот филтер во облик на диск треба да го замени вашиот сервисер/продавач,  според распоредот за сервис  и одржување. 


Вообичаeно е менување на бактерискиот филтер, на секои 1500 часа користење (дури и ако апаратот е даден под закуп на лизинг).

Ве молиме следете ги упатствата погоре и користете САМО резервни делови одобрени и обезбедени од Мед.